Владата одвои средства за комуналните претпријатија и за изградба на театри

by Фокус
На денешната седница Владата ја измени и дополни одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висина од 26.868.500,00 денари на јавни комунални претпријатија за поддршка на нивното работење како еднократна финансиска помош со цел надминување на тешката материјална состојба на вработените во претпријатијата во рамките на владината КОВИД програма.

Владата донесе Одлука за давање согласност на Програмата на Министерството за култура за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година. Со измените на програмата се предвидува продолжување на реализацијата за изградба на новите театри, во Тетово, Струмица и Велес, се планира почеток со обезбедување на проектна документација за реконструкција на објектот театарот во Куманово и на реконструкцијата на НУ Албански театар.

На денешната седница на Владата, претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата го презентираа Практичното упатство за правилата за ад-хок откривање управување со случаи на судир на интереси, како обврска на нашата држава од петтиот круг на евалуацијата на ГРЕКО.

Поврзани новости