Владата одобри 50 милиони денари за радиодифузерите

by Фокус
Владата денеска донесе oдлуката за одобрување на средства од Буџетот во износ од 50 милиони денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.
Како што соопштија од Владата, тоа се прави заради реализација на мерка од петтиот пакет економски мерки, со која ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност.
Притоа, се задолжува Генералниот секретаријат на Владата средствата од оваа одлука да ги уплати на (наменска) сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„Согласно Одлуката, овие средства Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, треба да ги искористи исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради надоместување на средствата кои не се реализирани по основ на наплата на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ, велат од Владата.

Поврзани новости