Владата објави повик за чартер- лет од Љубљана за 215 патници

by fokus

Владата попладнево објави јавен повик за уште еден чартер-лет кој треба да се организира со цел враќање на македонски државјани во земјава. Јавниот повик е за лет од Љубљана до Скопје со кој ќе се пренесат 215 патници.

Пријавувањето трае до утре до 8 часот наутро, а крајниот рок за организирање на летовите треба да биде петок (27 март) до 12 часот.

Право на учество има секоја авиокомпанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Република Северна Македонија.

Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена.

Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор.

Понудите на повикот треба да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на е-маил адресата: gs@gs.gov.mk.

Граѓаните кои ќе се вратат со овој чартер лет ќе потпишаат договор со Владата дека ќе си го платат авионскиот билет во рок од 15 дена, а ќе потпишаат и согласност дека 14 дена ќе престојуваат во државен карантин.

Поврзани новости