Владата незадоволна од ангажираноста на стариот управен одбор на МИА

by fokus

На денешната седница, владата донесе одлука да не ги одобри извештаите за работењето на членовите на Управниот одбор на Македонската информативна агенција (МИА) за минатата година. Оваа одлука е донесена врз основа на преовладувачкото мислење во дискусијата на седницата на владата, според кое членовите на УО на агенцијата недоволно се ангажирале во работењето на Управниот одбор, информираат од Владата. 

Членови на Управниот одбор на информативната агенција беа Пандорка Арсовска-Гацова, Сања Костовска, Љупчо Јакимовски и Даниела Димитриева. Тие беа разрешени пред неколку дена. На нивно место беа поставени Габриела Точко, Маријанчо Танушевски, Шерибан Клокочи и Сања Андреевска.

Наспроти тоа Владата на денешната седница ги усвои извештаите за работењето на Македонската информативна агенција, како и извештаите на годишната сметка и за финансиското работење на агенцијата за 2016 година, во кои е констатирано намалување на приходите, поради што владата препорача поголема независност во работата на агенцијата во 2017  година.

 

Поврзани новости