Владата нема да го разреши Спасов поради морални причини, ќе чека да се произнесат институциите

by fokus 16:48
16:48

Владата нема да го разреши заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, од морални причини поради сообраќајните несреќи кои ги предизвика и избега од полицијата, туку ќе чека прво да се произнесат надлежните институции. Ова е одговорот од Владата на прашањето на ПлусИнфо дали дополнителниот заменик министер Диме Спасов ќе биде разрешeн од функцијата поради инцидентот што се случи во петокот.

-Институциите кои имаат надлежност на темата, треба да ги завршат своите дејствија за потоа да заземеме став за случајот. До тогаш апелираме на воздржување од дезинформации и погрешни толкувања, имаме целосно внимание на темата, одговориле од Владата.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Според полицискиот извештај, Спасов предизвикал две сообраќајни несреќи, а кога бил сопрен од полицијата дал изјава дека тој управувал со возилото. По неколку минути со трчање избегал од местото, а ја оставил неговата сопатничка. По неколку часа на местото дошло друго лице кое тврдело дека тоа управувало со возилото, а не Спасов. Полицијата не го прифатила овој исказ, бидејќи лицето не ги знаело околностите под кои настале сообраќајните несреќи, а и самите полициски службеници при сопирањето на возилото виделе дека во него биле само Диме Спасов и неговата сопатничка.

 

Поврзани новости