Владата неделава ќе го утврдува Буџетот за наредната година

by Fokus 10:05
10:05

Владата неделава треба да го утврди буџетот за наредната година, а за што расправата ја отвори на седница минатата недела.

Според досегашните информации, се предлага растот на економијата следната година да изнесува 3,8 отсто, а буџетскиот дефицит да биде 2,3 отсто.

Во фокусот на буџетот следната година, како што соопшти викендов министерката за финансии Нина Ангеловска ќе биде вложувањето во човечкиот капитал.

- Advertising -

Расправата по буџетот што го подготви Министерството за финансии Владата ја почна на седница минатата недела, а треба да се утврди на седница оваа недела. Откако ќе го усвои Владата, Предлог-буџетот за 2020 година ќе биде доставен до Собранието на усвојување

Поврзани новости