Владата не отстапува од државниот испит, предлог-решенијата поминаа на владина седница

by Фокус

Државниот испит помина на владина седница. И, покрај студентските протести и барањето на студентите да се седне на преговарачка маса и да се разговара на оваа тема, денеска министерот за образование Абдулаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски ги преставија предлог решенијата, кои вчера поминале на владина седница.

– Не станува збор за два испити, туку два дела на еден единствен испит. Ова е предлог- нацрт кој ќе оди на јавна расправа. Изминативе денови ние бевме сведоци на отфрлање на нешто, кое воопшто не беше доставено ни како предлог- закон. Ние очекуваме во наредниот период да добиеме квалитативни сугестии. Затоа ние сме решени да ги спроведуваме реформите што ќе значат зголемување на квалитетот на образовниот систем во Македонија. Ние сме свесни дека на краток рок, овие реформи можат да ни донесат првенствено негативни политички поени, но за нас тоа во оваа фаза не е најбитно. Најбитен е долгорочниот ефект што ќе се постигне од спроведување на вакви крупни реформи – истакна Ристовски.

Поврзани новости