522
Службата за општи и заеднички работи на Владата, набави фитнес опрема, во вредност од 43.000 евра, на која наскоро владините функционери ќе може да почнат да се „билдаат“.
Опремата за дваесетина дена ќе биде испорачана, по што ќе биде поставена во новата барокна зграда.
Владата договорот за набавка го склучила на 5 март, со фирмата „Соникс Анастасија ДООЕЛ“, а вчера договорот беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки. Во договорот се наведува дека за овие средства владата ќе добие: фитнес трака, фитнес точак со наслон на грб, фитнес точак, опрема за тежини и тежини за шипки.