Владата на Црна Гора ќе го одложи спроведувањето на Законот за слобода на вероисповед?

by Fokus 14:32
14:32

Комесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархељ наводно рекол дека премиерот Душко Марковиќ му соопштил оти Владата е подготвена привремено да ја одложи примената на Законот за слобода за вероисповед.

Според наводите на порталот „Вијести“, Владата на Црна Гора е подготвена привремено да ја одложи примената на Законот за слобода на вероисповед.

- Advertising -

Комесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархељ наводно рекол дека премиерот Душко Марковиќ му соопштил оти Владата е подготвена привремено да ја одложи примената на Законот за слобода за вероисповед.

Повеќе извори на „Вијести“ им потврдија дека Вархељ таа порака ја пренел на состанокот со црногорската опозиција.

Марковиќ наводно понудил примената на Законот да се одложи до одлуката на Уставниот суд, а во случај да биде одбиена иницијатива на црногорско-приморската Митрополија, до одлуката на Судот во Стразбур.

За „Вијести“ неофицијално од Владата објасуваат дека тоа е логичен чекор, бидејќи законот е „лекс специјалис“ и дека е многу важна уставноста на истиот.

Црногорскиот медиум се уште не добиле одговор на прашањата кои официјално ги упатиле до црногорската Влада.

Поврзани новости