Владата на рати ќе ги обесштетува поплавените

by fokus

Владата денеска донела одлука за целосно обештетување на семејствата кои беа зафатени  во поплавите кои се случија во август годинава.

– Процесот на исплата ќе се одвива во 4 транши, а во првата се опфатени 947 премети за кои се одвоени 118 милиони денари. Според апроксимативната вкупна бројка на предмети ова значи дека со првата исплата ќе бидат опфатени околу 25 отсто од предметите – истакна портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев кој додаде дека траншите ќе се исплаќаат во октомври и ноември.

Тој рече дека на оние граѓани на кои им бил исплатен аванс истиот во износ од 30.000 денари ќе биде одземен од целосното обесштетување, а оние кои не добиле аванс ќе бидат одеднаш обесштетени.

Поврзани новости