Владата на оглас бара амбасадори и директори

by Фокус

Огласот се однесува за 159 раководни позиции во државната управа меѓу кои пет амабасадорски места, осум воени аташеа, 15 позиции на државни секретари во министерствата, над 20 директорски места на централни и државни органи, како и дваесетина позиции на директори на научни установи.

Испразнетите амбасадорски места се во Руската Федерација, Турција, Бугарија, Франција и во постојаната мисија при ЕУ, во Брисел.

Покрај ова распишан е и оглас за над 220 членови на управни и надзорни одбори во државни агенции, јавни претпријатија и клиники.

Владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, денеска информираше дека огласот веќе е објавен во дневните весници и ќе трае до 30 јуни.

Поврзани новости