Владата на Џорџа Мелони доби доверба и од Сенатот

by Fokus

Новата италијанска екстремно десничарска влада на Џорџа Мелони лесно го доби вториот и последен од двата гласа за доверба во парламентот.

За време на вечерашното гласање во Сенатот, 115 сенатори гласаа за поддршка на нејзиниот коалициски кабинет, а 79 гласаа против; петмина беа воздржани.

На коалицијата и беа потребни најмалку 104 гласа за целосно мнозинство.

Долниот дом на италијанскиот Парламент вчера ја поддржа владата на Мелони.

Поврзани новости