Владата ќе прави Стратегија за транспарентност

by fokus

Министрите на денешната 126-тата редовна владина седница, ја разгледаа и ја усвоија информацијата за потребата за изработка на Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија со цел да се зголеми довербата на граѓаните во институциите на системот преку системско унапредување на транспарентноста и отвореноста на државните институции.

– Оваа стратегија ќе ги утврди приоритетните области и ќе даде стратешки насоки за институциите да ги применат принципите на добро владеење  кои се дел од правниот систем на ЕУ и 12-те принципи на добро владеење од Советот на Европа. За таа цел беше задолжен Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски да ги координира понатамошните активности, информираат од владината прес-служба.

Поврзани новости