Владата ќе одвои осум милиони евра за невладините

by fokus 18:33
18:33

Информација за финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија во 2018 година и планирани средства за годинава е усвоена на денешната седница на Владата.

Според информацијата, минатата година за оваа намена доделени се 428.903.454 денари финансиска поддршка на 888 здруженија и фондации, а за 2019 година за истата цел се предвидени 496.773.000, соопшти владината прес-служба.

- Advertisements -

На седницата е усвоена и информација за почнување активности за спроведување на Национална стратегија за мали и средни претпријатија  2018-2023 со Акциски план. Целта на стратегијата е да обезбеди услови за ефикасна имплементација на регулативата и мерките за подобрување на инвестициската клима за домашните мали и средни претпријатија.

Поврзани новости