Владата ќе ги исправа неправдите кои претходната власт им ги нанела на рударите

by fokus

Владата работи на законско решение со кое ќе се надминат, како што велат, неправдите кои претходната власт им ги нанела на рударите. Со новите законски измени ќе се обезбедат подобри услови за работа на рударите, предвремено пензионирање како и воспоставување на механизми за почитување на одредбите за безбедноста и здравјето при работа, велат од Министерството за труд и социјална политика.

„Рударите долги години беа запоставени и на маргините на општеството. Во 2007 година, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги укина одредбите од Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои им се скрати можноста за пензионирање на рударите само врз основа на пензиски стаж. Многу рудари во изминатите 10 години се соочуваа со неправдата да работат и над 55 годишна возраст иако во одреден период имале уплата на бенифициран стаж“, велат од таму.

Министерството им го честиташе 28 август, Денот на рударите во Република Македонија, посакувајќи им професионален и личен успех.

 

 

Поврзани новости