Владата ќе го разгледа барањето учебната година да стартува од 15 септември

by Фокус

По барањето на хотелиерите да се пролонгира стартот на учебната година за од 15 септемвр, денеска Заменик-министерот Спиро Ристовски на прес-конференција рече дека ќе имаат средба со претставници на иницијативата но дека одлуката ќе биде донесена откако ќе се направи анализа и консултација со различни субјекти.

– Се работи за специфична иницијатива која не зависи само од волјата на МОН, па дури и од волјата на Владата, треба да се исконсултираат и искоординираат повеќе општествени фактори. Во следниот период ќе биде направена поширока анализа и коодринација и консултација со поголем број субјекти, врз основа на која потоа би можеле да процениме како би ја носеле одлуката. Неопходно е да бидеме уверени во аргументацијата која беше изнесена – еден од главните аргументи беше промената на временските услови, продолжување на сезоната поради интересот на туристите и на туристичките агенции но, од друга страна, ние како ресорно министерство за која било одлука мора пред се да го имаме интересот на учениците, рече Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.

Хотелиерите пред неколку дена побараа да се пролонгира летниот распут до средината на септември. Според нив, во тој период туристичката сезона ќе биде подобра отколку во мај и јуни. Велат дека треба да се има предвид дека во мај и јуни и политичката ситуација придонела за откажување на аранжманите.

Поврзани новости