Владата ја разреши директорката Ана Петровска

by fokus 16:10
16:10

Владата на денешната седница ја разреши Ана Петровска од функцијата в.д. директорка на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

На нејзино место го именува Сретен Стојковски, исто така за в.д. Одлуката е донесена без дебата на седницата со која претседавал првиот вицепремиер, Артан Груби.

- Advertisements -

Од Владата за „Фокус“ претходно изјавија дека ваквите одлуки ги носат коалиционите партнери.

-Кадровските решенија за државните инспекторати како носители на јавни функции се дефинираат низ разговори со коалиционите партии од владината коалиција и со преземање политичка одговорност пред граѓаните од страна на секоја политичка партија за позицијата со која раководи.Согласно меѓукоалицискиот договор во Владата, позицијата директор на државниот инспекторат за животна средина е во политичка надлежност на партијата ДОМ.

Владината коалиција при изборот на кадровски решенија се води исклучиво од интересот на граѓаните, од потребата за целосна функционалност на Владата како организациска и како политичка целина, како и одржувањето на парламентарното мнозинство преку споделување на одговорноста меѓу сите партии од коалицијата, одговорија од Владата за „Фокус“.

Поврзани новости