Владата ја прекина постапката за разрешување на Коцевски

by Fokus

Советот на јавни обвинители ја одложи денешната седница на која требаше да се разгледува предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Причина за одложувањето според претседателката на советот е немањето кворум за седница – односно отсуство на тројца обвинители поради здравствени и семејни причини.

Одложувањето на седницата Димитриевска вели не се должи на вчерашната најава на премиерот дека постапката за разрешување на Коцевски ќе биде запрена, бидејќи до нив, не бил пристигнат никаков допис за постапката да биде ставена во мирување.

Од Влада денеска објаснија дека запирањето на постапката за разрешување на Коцевски ќе се случи откако до нив ќе пристигне одговорот од советот.

Она на што се однесуваше дека како Влада ќе ја прекинеме постапката се однесува на делот што Владата потоа, по добиеното мислење треба да го испрати таквото мислење до Собранието, во овој контекст сакам да појаснам дека владата и доколку добие мислење од страна на советот за јавни обвинители, ќе ја запре постапката, односно истото нема да го прати во Собрание, чисто да немаме нејаснотии околу ова, а се разбира советот на јавни обвинители согласно роковите кои ги има, ќе постапува“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости