Владата ја избра Зографска-Крстевска за конзул во Мелбурн, а Ѓучиќ за Солун

by Фокус

Сања Зографска – Крстевска е нов македонски генерален конзул во Мелбурн, а Дејан Ѓучиќ е генерален конзул во Солун.

Ваква одлука донела владата на 166-тата седница оддржана на средината на минатиот месец, а кон крајот на месецот одлуката потпишана од премиерот Зоран Заев е објавена и во Службен весник.

Инаку, Зографска-Крстевска е искусен дипломат со долгогодишно искуство, додека Ѓучиќ е вработен во Министерството за надворешни работи од 2006 година и негова специјалност се економската дипломатија и билатералните економски односи со Грција.

За да заминат на новите дипломатски позиции, тие чекаат уште да добијат виза за престој.

Поврзани новости