Владата им даде земјиште на двете нови странски инвестиции

by fokus 18:08
18:08

Потврдени се двете странски инвестици на „Балканлар пластик“ и „Зенит“, од вкупно 13 годинава, кои што неодамна ги најави вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Како што соопшти Владината прес-служба, министрите во Владата на денешната 71. седница донесоа одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во ТИРЗ Скопје 1 и за висината на закупнината со Друштвото за производство, трговија и услуги Балканлар пластик увоз – извоз Скопје, како закупец на земјиште. Сопственото учество на компанијата во оваа инвестиција изнесува 8 милиони евра, и предвидува 80 вработувања.

- Advertisements -

Владата донесе Одлука за давање согласност на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште и  со Друштвото за производство, трговија и услуги „ЗЕНИТ“ Интернационал ДООЕЛ Скопје, како закупец на земјиште, и одлуки за определување на периодот на закуп и за висината за закупнината на градежното земјиште во ТИРЗ Скопје 1. Овој договор за државна помош за една странска инвестиција е 13-ти по ред за една година и вреди 3 милиони евра.

Донесена е и одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош на Друштвото за производство, трговија и услуги БАУМЕР ДООЕЛ Скопје, кое ќе произведува софистицирана мерна опрема и која, како дел од својата инвестиција ќе организира развојно истражувачки центар.

На 71 седница, Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за формирање на Комисија за евалуација на барањата за финансиска поддршка на инвестиции, и го задолжи Министерството за економија, врз основа на доставените номинации, да достави Решение за формирање на оваа комисија.

Поврзани новости