Владата го вклучува и СЈО во работната група за следење на комуникациите

by fokus

Владата денеска ја разгледа и усвои предлог-одлуката за дополнување на Одлуката за формирање работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на група високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите.

Како што велат од Владата, оваа одлука е донесена врз основа на увидената потреба во нејзината работа да бидат вклучени и претставници од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и странство кои ќе се повикуваат по потреба.

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со формирање на Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, со склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Република Македонија, во областа на сузбивање на организирани форми на криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

Поврзани новости