Владата го усвои зголемувањето на акцизата за дизел гориво

by Fokus

Владата денеска го разгледа и го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари – пишува во соопштението од денешната владина седница.

На денешната седница, Владата ја разгледа и информацијата за модели за подобрување на функционирањето на Проектот „Отворање на Народни кујни“, и да го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги продолжи активностите за подобрување на состојбата за добивање на топол оброк за најранливите категории на граѓани и редовно да ја да ја информира владата за овие мерки.

 

Поврзани новости