Владата го усвои Предлог-буџетот за 2018 година

by fokus 23:57
23:57

Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлог Буџетот за 2018 година, и донесе заклучок, предлогот за буџетските трошоци за наредната година, да биде пуштен во постапка на дебата и усвојување во Собранието на Република Македонија, соопшти вечерва владината прес-служба.

Од владината прес служба соопштуваат дека на седницата бил разгледан и усвоен и Предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, а на предлог на Министерството за финансии, владата го разгледала и усвоила и документот за Фискална стратегија на Република Македонија за 2018-2020, како и Предлог-законот за изменување на Законот за задолжителни нафтени резерви.

- Advertisements -

Владата соопшти дека на седницата е разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход.

-Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата, информираа од прес-службата на Владата.

Поврзани новости