Владата го скрати полицискиот час, наместо од 21 ќе почнува од 23 часот

by Фокус

Владата на денешната 68-ма седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од среда (5 мај), забраната за движење наместо од 21 часот, ќе започнува од 23 часот и ќе трае до 05 часот наредниот ден.

„Соодветно на овие измени, угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи“, соопштија од Владата.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Поврзани новости