Владата го разреши директорот на прилепскиот затвор

by Фокус

Владата на денешната редовна седница донесе одлука за разрешување на директорот на Казнено-поправната установа Прилеп, Слободанчо Ристески.

Инаку, Ристески беше назначен за в.д директор на прилепскиот затвор набрзо по формирањето нa новата влада на средината на минатата 2017 година.

Од Илинденска не изнесоа информација која е причината за рaзрешувањето.

Поврзани новости