541
Владата на денешната редовна седница донесе одлука за разрешување на директорот на Казнено-поправната установа Прилеп, Слободанчо Ристески.
Инаку, Ристески беше назначен за в.д директор на прилепскиот затвор набрзо по формирањето нa новата влада на средината на минатата 2017 година.
Од Илинденска не изнесоа информација која е причината за рaзрешувањето.