Владата го предложи Љубомир Јовески за нов јавен обвинител

by fokus

Владата донесе одлука да му предложи на Собранието за нов јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески.

„Владата на Република Македонија, на денешната седница, донесе заклучок да му предложи на Собранието на Република Македонија за Јавен обвинител на Република Македонија да го именува Љубомир Јовески, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Владата на Република Македонија оваа одлука, освен врз основа на професионалната биографија на Љубомир Јовевски, ја донесе и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители“, велат од таму.

Поврзани новости