Владата го повлече законот за саморекламирање

by fokus

Владата се испишмани, па го повлече предлог законот за медиумски реклами.

Во известувањето до пратениците, потпишано од Никола Тодоров, нема објаснување зошто предлогот е повлечен.

Предлог законот за владини реклами требаше да се најде на денешната седница, но точката не се разгледуваше бидејќи немаше овластен предлагач.

Со него, меѓудругото се предвидуваше кампањите на владата поскапи од 100 000 евра, задолжително да се емитуваат на сите медиуми.

Опозицијата реагираше дека со ваков закон се легализира корупцијата во медиумите и најави дека ќе го оспори со 500 амандмани.

Инаку, само три дена пред повлекувањето, министерката за информатичко општество Марта Томовска Арсовска, на собраниска комисија го бранеше решението како европско со кое ќе се стави ред во рекламирањето.

Поврзани новости