Владата го постави Сашко Насев за директор на македонскиот КИЦ во Софија

by fokus

Владата на својата седница одржана на четврти овој месец го именувала писателот Сашко Насев за директор на културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија. Дотогаш тој ја извршуваше функцијата в.д. директор на културно – информативниот центар.

Насев е еден од најплодните драмски писатели во Македонија. Негова е познатата драма „Грев или шприцер“, која повторно е поставена во Драмскиот театар во Скопје. Меѓу попознатите негови дела се „Чија си“ и драматизацијата Женски оркестар I и II.

Насев во минатото ја извршуваше функцијата амбасадор на Република Македонија во Канада.

Поврзани новости