Владата го наместила тендерот за чистење на владината зграда?

by fokus

Ланскиот тендер за чистење на просториите на Владата и на министерствата, вреден повеќе од 10 милиони евра, бил осмислен и спроведен на начин со кој се елиминира конкуренцијата, упатува истражувањето на БИРН. На крајот тоа и се случило, на јавната аукција се појавила само една компанија, која ја намалила почетната цена за само 16 денари.

Фирмата Секјуриком веќе 14 ги добива тендерите за чистење на Владата. Според истажувањето на Бирн на ланскиот тендер, Владата ѝ овозможила на „Секјуриком“ да се појави како три различни компании на тендерската анкета, само за да се создаде привид дека на пазарот има повеќе од пет фирми способни за обемни работи, сè со цел да не се дели тендерот и со тоа да се намалат шансите на помалите конкуренти.

Поврзани новости