Владата го именува Бучковски за специјален претставник за Бугарија

by fokus

Поранешниот премиер и министер, Владо Бучковски, ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, откако Владата предмалку го именува Бучковски на оваа позиција, објави „360 степени“.

„Фокус“ се обиде да ја потврди информацијата во Влада, но од таму посочуваат дека владината седница се уште трае, а по завршувањето ќе испратат соопштение до медиумите.

Бучковски во последно време, е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Северна Македонија.

Поврзани новости