Владата ги задолжи сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошта

by Fokus

Владата на денешната седница одлучи да ги задолжи сите државни институции да ја користат универзалната поштенска услуга на АД Пошта на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Одлуката е согласно донесената измена за Законот за поштенски услуги во врска со одлагањето на либерализацијата на поштенските услуги до 31.12.2023 година, а со цел подобрување на финансиското работење на АД Пошта на Република Северна Македонија.

Владата им препорача и на сите општини и Град Скопје да ги користат услугите на АД Пошта

Поврзани новости