Владата ги усвои законските измени за азил

by Фокус

Владата на синоќешната седница ги прифати измените на Законот за азил и привремена заштита.

Се предвидува мигрантите кои илегално ќе влезат во земјава, да имаат право на 72 часа легален престој. За ова време тие ќе треба или да ја напуштат Македонија или пак, да добијат решение за азил.

За да го добијат ова право на 72 часа легален престој, мигрантите ќе треба да се обратат до било кој полицаец кој ќе го сретнат или пак во прифатниот центар во Гази Баба.

Овие измени на Законот кои следуваат откако во јавноста се актуелизираше нехуманиот третман на миграните во Македонија и лошите услови со кои тие се соочуваат во Центарот во Гази Баба. Некои медиуми објавија и наводи дека мигранти се киднапираат и од нив се бара да платат за да бидат пуштени на слобода.

Измените, според најавата од Владата ќе влезат во собраниска процедура во најбрз можен рок, а се очекува законот да биде донесен до почетокот на следната недела. Со законските измени, мигрантите за време на нивниот престој во Македонија ќе имаат право да користат јавен превоз.

Поврзани новости