Владата ги смести во публикација постигнувањата од првите 100 дена

by fokus

Владата објави публикација во која се сместени постигнатите резултатите на владиниот состав во првите 100 дена. На страниците на публикацијата е отчетот кој, велат од Владата, ја сумира работата на сите министерства во духот на транспарентност и отчетност пред граѓаните.

„Резултатите, кои можете да ги видите во овој документ, се постигнати после една исклучително сложена и кризна ситуација во нашата земја. Со новата влада, Република Македонија отпочна една нова ера на сосема нов политички амбиент во кој доминираат транспарентноста, одговорноста, отчетноста и разумните политики од интерес за сите граѓани“, велат од Владата.

Меѓу постигнатите резултати се мерките за штедење преземени со ребаланс на буџетот, декласифицирањето на документи кои откриваат трошења на народни пари, предлог законите за укинување на радиодифузната такса, зголемување на минималната плата, воведување на ефтина тарифа на елекрична енергија за домаќинствата и изедначување на условите за инвестирање на странските со домашните инвеститори.

Поврзани новости