Владата ги постави Пировска и Мемети за набљудувачи во Европската агенција за фундаментални права

by fokus

Извршната директорка на Хелсиншки комитет во Македонија, Уранија Пировска, ќе ја извршува функцијата заменик набљудувач во Управниот одбор на Европската агенција за фундаментални права. Владата на вчерашната седница одлучила народниот правобранител, Иџет Мемети, да биде набљудувач во оваа меѓународна организација каде Македонија неодамна стана членка.

Барање за членство Македонија поднесе уште во 2008та година, а беше конечно примена во август годинава. Со тоа стана единствена земја кандидат за членство во Европската унија која се стекнала со право да учествува во работата на Агенцијата. Членството се толкуваше и како сигнал од Европската унија дека ги препознава европските перспективи на Македонија.

За офицер за врски е поставена Тања Кикерекова, раководител на одделение за човекови права во Министерството за правда, а за заменик офицер за врски Елена Бодева, Соработник во Министерството за надворешни работи.

Поврзани новости