Владата денеска треба да даде мислење за изградба на 14 пливачки базени

by fokus 08:56
08:56

Владата денеска на седница треба да донесе мислење за Информацијата за реализација на Проектот за изградба на 14 пливачки базени, на предлог на Агенцијата за млади и спорт.

На редовната владина седница Министерството за локална самоуправа  ќе ја презентира Информацијата за спроведување на активностите за поддршка на приватниот сектор од страна на центрите за развој на планските региони – регионални бизнис центри, а треба да  биде разгледана и Информацијата за учество на македонската делегација на 8. Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа.

- Advertisements -

Владината прес-служба информира дека Собранието за мислење на Владата на денешната седница и ја достави Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност.

На седница ќе биде разгледана и Информацијата за распределба на средства од Програма за распределба на средства од игри на среќа и забавни игри за 2019 година за финансирање на националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Северна Македонија, како и Информацијата за имплементацијата на Националниот план за управување со квалитет во јавниот сектор за периодот 2018-2020 година, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација.

Поврзани новости