Владата денеска ќе решава по предлогот за полициски час од 23 часот

by Fokus

Владата денеска на седница треба да решава по предлогот на Главниот координативен кризен штаб за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време на угостителските објекти.

Кризниот штаб вчера на седница ги разгледа предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив и предложи на Владата на својата наредна седница да усвои одлука со која забраната и посебниот режим на движење ќе трае од 23 до 5 часот наредниот ден и времето за работа на угостителските објекти со гости само во отворениот дел – летни тераси и градини – ќе биде до 22:30 часот.

Како што соопшти вчера владината Прес-служба, наведените предлог-мерки  ќе бидат разгледани на следната седница на Владата и доколку бидат усвоени, би важеле од утре.

Поврзани новости