Владата денеска ќе расправа за „Пречистителна станица за отпадни води“

by Fokus

Владата денеска ќе ја одржи 33. седница, која има само четири точки по кои министрите треба да расправаат.

Прва точка на дневниот ред е иницијативата за задолжување за проектот „Пречистителна станица за отпадни води Скопје“.

Министрите ќе расправаат и за склучување билатерален договор за кофинансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија.

Поврзани новости