Владата даде одобрение за отворање на филијала на бугарскиот Универзитет во Македонија

by fokus

На денешната седница Владата ја усвои Одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа – Великотрновски универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Република Северна Македонија.

Ректорот на Универзитетот во Велико Трново, проф. Христо Бонџолов, пред неколку дена изјави дека македонскиот премиер го известил дека неделава Владата ќе даде одобрение.

„Разговарав телефонски со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев и тој ме увери дека следната недела, на седница на Владата на Република Северна Македонија, ќе биде донесена одлуката да се отвори филијала на Универзитетот Велико Трново ‘Свети Кирил и Методиј‘ на територијата на Република Северна Македонија. Ќе се обидеме заедно – Бугарија и Република Северна Македонија, да ги изградиме уништените мостови“, објави во видео обраќање, проф. Бонџолов.

Од следната академска година, по програмата на Универзитетот во Македонија, ќе студираат повеќе од 100 магистри и околу 50 докторанти.

Поврзани новости