Владата бара поплавените граѓани да се ослободат од работа до петок

by Фокус

Министерството за труд и социјална политика ги задолжи сите органи на државна управа, а им препорача на другите државни институции и на единиците на локална самоуправа, да ги ослободат од работа до петок вработените во поплавените подрачја.

Исто така им се препорачува и на приватните компании да ги ослободат од работа во наведениот период вработените кои живеат во поплавените подрачја.

Ова се однесува на оние кои живеаат во Стајковци и Сингелиќ.

Поврзани новости