Владата бара АРМ да помогне во санацијата на штетите од поплавата во тетовско

by fokus

Владата вечерва ја одржа третата седница, на којашто се донесени одлуки за санација на штетите од поплавите во тетовскиот регион, од невремето на 5 јуни.

Како што беше заклучено, формирани се комисии од страна на министерствата за транспорт и врски, за земјоделство шумарство и водостопанство и за животна средина, коишто во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и општината Тетово во изминатото денонокие веќе ги констатираа состојбите на теренот, по што е свикана веднаш вечерва владина седница за побрзо да се интервенира и да се помогне на луѓето кои се засегнати од последиците од временските неприлики.

На седницата беше кажано дека постои нанос од песок и земја од околу 70.000 метри кубни, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај Порој, што е неопходно брзо да биде исчистен. За таа цел задолжени се Дирекцијата за заштита и спасување и општината Тетово веднаш да отпочнат постапка за расчистување на наносот на овој фрекфентен и потребен пат за жителите од овој регион, во што Владата препорача да помогне и АРМ.

Исто така, на седницата е информирано дека од поплавите во тетовскиот регион зафатени се 50 хектари земјоделски површини, пред се овошни и градинарски насади и житни култури. Владата на Република Македонија го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ја отпочне постапката на прибирање барања од земјоделците за надомест на штети, по што надлежни комисии ќе излезат на терен за увид на штетите и висината на средствата потребна за нивно обештетување.

Поврзани новости