Владанка Авировиќ: Не ме исклучија од СПМ, благодарност до моите колеги кои успеаја да се надминат во овие тешки моменти

by fokus

Пратеничката на СПМ, Владанка Авировиќ, на денешната прес конференција во Собрание изјави дека ќе членува во пратеничката група на исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе се заложи, како што рече, за демократските вредности и принципи. Таа додаде дека не е исклучена од партијата чиј претседател на Љубисав Ѕинго, и чии интереси и понатаму ќе ги застапува.

-Мојата партија не ме исклучи, во мојата партија се почитуваат демократските принципи и различното мислење помеѓу нас. И понатаму во оваа коалиција со моите колеги од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги претставувам залож на мојата матична партија. Тука се најдов затоа што сметам дека се задоцни со многу процеси кои требаше да се решат консензуално меѓу партиите. Социјалистичката партија во неколку наврати испраќаше апели до големите парти да се зацртаат црвени лини пред да се водат процесите, но гледате тоа не се случи – рече Авировиќ.

Таа им се заблагодари на колегите, кои, како што рече, успеале да се надминат во овие тешки моменти.

-Етикетите придонесоа овие денови да бидеме поблиску до граѓаните. Сметаме дека одиме во правилна насока и очекувам дека нашите колеги ќе се одвожат да размислат дали Македонија ќе оди во правилна насока или ќе заглибиме десетици години понатаму да останеме на маргините на ЕУ, секогаш отфрлени. Ниеден морален принцип не е поважен, само времето ќе покаже колку сме биле во право. Ние стоиме зад ова со нашиот интегритет како луѓе и сите етикети кои ни беа налепени времето ќе покаже дали сме такви, или сме чесни, вредни и почитувани. Да разбереме сите дека процесите се многу тешки и ние тоа најмногу го чувствуваме на нашиот грб – рече Авировиќ.

Поврзани новости