Влада: Заев е подготвен за ТВ соочување, но Мицкоски прво да одговори каква алтернатива нуди

by fokus

По повикот на првиот опозиционери, Христијан Мицкоски, кој му порача на премерот, Зоран Заев, да избере место и време за телевизиски дуел, од Владата велат дека Заев е подготвен за тв соочување во било кое време. Сепак од таму додаваат дека Мицкоски прво треба да им одговори на граѓаните која алтернатива им ја нуди, во замена за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Дуел со опозицискиот лидер Мицкоски никогаш не бил доведен во прашање. Премиерот Заев е подготвен во кое било време за телевизиско соочување со Христијан Мицкоски. Но тоа што најпрво треба да го направи Мицкоски е конечно, на граѓаните коишто од него чекаат одговор повеќе од една година, да им одговори на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“. И дополнително да појасни кој е неговиот став и неговата алтерантива којашто им ја нуди на граѓаните за влез во НАТО и ЕУ“, изјавија од Владата за „Фокус“.

Поврзани новости