Влада: Во моментот не постојат причини за продолжување на вонредната состојба

by fokus

Вонредната состојба од 14 дена истекува во сабота, на 14 јуни. Доколку не биде продолжена, тоа ќе значи дека на 5 јули ќе мора да се оддржат изборите, но како проблем пак се јавува зголемениот број на заболени од корона вирусот.

Затоа во Влада прашавме дали со оглед на зголемениот број на заразени од корона вирусот, ќе биде побарано ново продложување на вонредната состојба. Од таму одговорија дека во наредните денови ќе се одлучува за сите отворени прашања. Сепак, потенцираат дека засега сметаат дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба.

-Владата за ова и други прашања поврзани со Ковид-19 ќе заседава и одлучува во текот на следните денови. Согласно проценките, во моментов не постојат причини и потреби за продолжување на вонредната состојба. Имајќи предвид дека здравствениот систем е подготвен за периодот којшто претстои, економските мерки се целосно уредени и во фаза на имплементација, а за евентуални нови рестрикции во иднина вонредна состојба не е потребна, одговорија од Владата за „Фокус“.

Изборите беа распишани на 16 февруари, и требаше да се оддржат во Уставниот рок од 60 дена. Но со прогласување на вонредната состојба, рокот според власта се замрзна, и продолжува да тече по завршување на вонредната состојба. Владата на 22 март ја донесе уредбата за изборите.

Според владината Уредбата, изборите треба да се оддржат во рок од 22 дена од завршување на вонредната состојба, или во случајот на 5 јули.

Валентина Вурмо

Поврзани новости