Влада: Претседателот го прекина и го напушти состанокот

by fokus 11:38
11:38

Премиерот, Зоран Заев и минисерот за надворешни работи, Никола Димитров, го доставија договорот за решение за спорот со името до претседателот Иванов, велат од Владата по средбата со претседателот, Ѓорге Иванов. Од Владата додаваат дека премиерот и министерот го доставиле договорот, но претседателот одбил да разговара за неговите придобивки.

Од таму порачуваат: „Никој нема право да ја попречува македонската иднина.“

- Advertisements -

„Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров имаа конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и напушти состанокот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина.

Владата на Република Македонија ги повикува сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.

Граѓаните конечно добија шанса да испишат ново поглавје во историјата на нашата земја и никој нема право да ги спречува да ја донесат вистинската одлука за македонската иднина“, велат од Владата.

Поврзани новости