Влада на РМ: Честитки за сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот од ратификуваниот Договор од Преспа

by Fokus

Владата на Република Македонија силно ја поздравува одлуката на Парламентот на Република Грција да го ратификува историскиот Договор од Преспа со којшто се става крај на тридецениски спор кој го попречуваше развојот во регионот, соопштија денеска од Владата на РМ.

Владата им честита на сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи овој Договор и ги охрабрува да ги интензивираат соработките, поврзувањата и пријателствата.

Преку изнаоѓањето на македонско – грчкото решение, Балканот, Европа и Светот добија нов модел за градење пријателства и соработки меѓу народите и државите.

Поврзани новости