Влада: Ќе има дневен престој во училиштата

by fokus

На денешната владина седница е донесена одлука за дозволен дневен пресој на учениците од помалите одделенија, кои ќе посетуваат физичка настава.

-Одобрена е организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија, информираат од Владата.

Владата ја прифати и препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија со КОВИД-19.

Поврзани новости