Влада: Бучковски ќе има мандат од една година, а целта е успешно да се решат прашањата со Бугарија

by fokus

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 25-та седница го именуваше поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник на нашата земја за Бугарија, потврдија од Владата.

-Именувањето е со мандат од една година, а целта да се назначи специјален претставник е да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство, велат од Владата.

Поврзани новости