Влада: Без попис ќе бидеме црна дупка во светот

by Фокус

Без релевантни податоци кои се очекуваат од пописот, не само што нема да може да се креираат политики за одржлив развој, туку ќе станеме и земја надвор од главните текови за поддршка, наведува Владата денеска во соопштение. Пописот, како што посочуваат од таму, е обврска на земјата како членка на Обединетите нации и е од исклучителна важност за социо-економскиот развој на државата.

„Без ажурирани и релевантни податоци, утврдени од официјалната установа како што е Државниот завод за статистика, ќе бидеме црна дупка во светот како единствена земја која нема никаква реална, со податоци поткрепена визија за својот развој. Никој не сака таква земја за партнер. Ниту еден инвеститор нема да покаже интерес да инвестира кога ќе види дека земјата ги нема основните статистички податоци за нејзините ресурси за официјалната работна сила, за пазарот, за потрошувачките навики“, се вели во соопштението од Владата.

Поврзани новости