Вкупно 52-ца заразени здравствени работници, речиси 10 отсто од вкупниот број на заболени од корона

by Frosina Fakova

Вкупно 52 -ца здравствени работници се заразени со корона вирус или 9,5 отсто од вкупниот број на заболени лица во земјава, соопшти министерот Венко Филипче.

Од вкупниот број заразени здравствени работници, 34 се заболени во болнички услови. Министерот најави дека сега се очекува да расте бројот на заразени лица и упати порака до своите колеги, да се заштитат максимално за да може да ги лекуваат граѓаните.

Со оглед на тоа што некаде има заболени и лекари, тука е компромитирана работата, рече Филипче и како пример го посочи Инфективното одделение во Куманово, каде во функција се двајца други интернисти од Скопје и од Штип кои ја организираат работата на одделението.

Тој им порача на здравствените работници максимално да ги почитуваат протоколите кои ги има од самиот почеток на пандемијата, да се штитат во и надвор од работните места, затоа што нивната улога, нивното здравје е од примарно значење во овој момент во државата.

– Здравјето на нацијата и многу животи зависат од здравствените работници. Така ќе превенираме епидемија од поголеми размени, така ќе останат здрави тие што се здрави, ќе се бориме против вирусот и ќе ги излечиме сите кои се заболени, потенцира Филипче.

Сега во функција се става и болницата „8-ми Септември“ каде ако нема место во Инфективната клиника ќе бидат хоспиталзирани во поранешната воена болница. Битолската болница се трансформира во регионален центар каде ќе се згрижуваат пациентите.

Поврзани новости